Во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ досега неутрализирани 811 терористи

Од Генералштабот на турската армија соопштија дека во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ досега се неутрализирани 811 терористи, припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ.

902011
Во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ досега неутрализирани 811 терористи

Од Генералштабот на турската армија соопштија дека во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ досега се неутрализирани 811 терористи, припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ.

Во соопштението на Генералштабот на турската армија се потсетува дека операцијата „Маслиново гранче“ во Африн, северна Сирија, започна на 20 јануари, со цел осигурување безбедност и стабилност на границите и регионот, неутрализирање на терористите, припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК, и со цел спасување на пријателскиот и братски народ во подрачјето од суровоста на терористите.

Исто така, од Генералштабот се истакнува дека операцијата е покрената во рамките на турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации , почитувајќи го територијалниот интегритет на Сирија.

Како што се нагласува во соопштението, целта на операцијата во Сирија се само терористите и нивните засолништа, позиции, оружје, возила и опрема, и дека преземени се сите мерки да не бидат загрозени цивилите.

„Во рамките на воздушната операција спроведена од страна на Воздухопловните сили уништени се 18 позиции на терористичките организации ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ, користени како засолништа и складишта за муниција, при што убиени се 78 терористи, додека во рамките на операцијата 'Маслиново гранче', досега се неутрализирани 811 терористи, припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ. Операцијата се одвива според планираното“, се вели во соопштението на Генералштабот на турската армија.



Слични вести