Чавушоглу и Тилерсон разговараа за ситуацијата во Сирија и во Ирак

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу телефонски разговараше за актуелната ситуација во Сирија со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

901047

Неименуван дипломатски извор изјавил дека Чавушоглу и Тилерсон разговарале за Конгресот за сириски национален дијалог кој во изминатите два дена беше одржан во рускиот град Сочи.

Истиот извор јавува дека шефовите на турската и американска дипломатија исто така разговарале за операцијата „Маслиново гранче“, која турските сили ја спроведуваат на северозападниот дел на Сирија и за ситуацијата во Ирак.

Слични вести