Ердоган:Турција не ќе можеше да се бори против тероризмот без напредокот

Претседателот, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Турција немаше да биде во можност да се бори против тероризмот доколку не го оствареше напредок во одбранбената индустрија во последните 15 години.

900041

„Доколку Турција не оствареше напредок во одбранбената индустрија во поселдните 15 години, не само што немаше да може да ја реализира операцијата Маслиново гранче, туку немаше да може да спроведува антитерористички операции ниту во рамките на своите граници“, рече Ердоган за време на неговиот говор на состанокот на парламентарната група на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) во Анкара.

„Фала му на Бога, нашата земја моментално има одбранбена индустрија со капацитет за производство во износ од 6 милијарди долари и извоз со вредност од 2 милијарди долари. Сепак, Републиканската народна партија (CHP) не е свесна за тоа“, додаде Ердоган.

Претседателот Ердоган изјави дека Слободната сириска армија е цивилна структура која е организирана со цел да ја заштити својата земја.

„Слободната сириска армија е една цивилна структура која е организирана со цел да ја заштити својата татковина, и ние ги поддржуваме. 

Слични вести