Ердоган: Нашите војници продолжуваат да напредуваат кон центарот на Африн

Претседателот Ердоган допатува во посета на градот Чорум за конгресот на владејачката Партија за правда и развој во таа област, а во салата им се обрати на илјадници граѓани кои се собраа за да му изразат добредојде.

898933
Ердоган: Нашите војници продолжуваат да напредуваат кон центарот на Африн
cumhurbaskani corum.jpg

Претседателот, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека турските војници продолжуваат да напредуваат во ослободувањето на сириското погранично подрачје на Африн.

Ердоган допатува во посета на градот Чорум за конгресот на владејачката Партија за правда и развој во таа област, а во салата им се обрати на илјадници граѓани кои се собраа за да му изразат добредојде.

„Пред малку разговарав со командантот и го прашав колку терористи се неутрализирани. Тој рече дека 484. Без оглед на сите потешкотии, нашите храбри војници напредуваат“, изјави Ердоган.

Ердоган додаде дека непријателите на Турција ја потцениле нејзината воена сила и храброста на нејзините војници и мислеле дека терористите на ПКК, ДЕАШ, ФЕТО и ПЈД и другите групи ќе можат да продолжат да ја загрозуваат земјата.

„Меѓу нашите војници и борците на Слободната војска на Сирија досега имаме вкупно 20 загинати херои, а од другата страна бројката изнесува 484, и тоа е добро бидејќи терористите ќе платат скапа сметка“, порача Ердоган.

Истакнувајќи дека Турција ќе ја продолжи борбата против терористите сè додека тие претставуваат закана за турската граница, Ердоган подвлече дека борбата од Африн ќе биде продолжена и во Мунбич.



Слични вести