Турција во операцијата Штитот на Еуфрат водеше најжестока борба против ДЕАШ

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека Турција во операцијата Штитот на Еуфрат водеше најжестока борба против ДЕАШ на површина од 2.000 квадратни километри.

897993
Турција во операцијата Штитот на Еуфрат водеше најжестока борба против ДЕАШ

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека Турција во операцијата Штитот на Еуфрат водеше најжестока борба против ДЕАШ на површина од 2.000 километри квадратни.

Јилдирим во продолжение додаде:

„Во Хатај и во Килис паднаа ракети и бомби , имаше постојани провокации, така да ние не можевме да се правиме како да не го гледаме тоа.

САД која е една голема земја има толку голема армија, па дали таа земја зависи од неколку терористички организации?“

Јилдирим потсети на најавата на Вашингтон дека планира да формира армија од 30 000 луѓе и рече: „Што значи тоа: Јужните граници на Турција се и граници на НАТО. Јас не можам да разберам како една членка на НАТО на границите на друга членка гледа како на закана.Тоа е чисто непријателство.Турција нема да го дозволи тоа.Независно од тоа за која сила се работи или за која земја,Турција нема да го дозволи тоа.



Слични вести