Операцијата „Маслиново гранче“ ќе продолжи се додека не се постигне целта

Турција нема никакви територијални претензии кон териториите на некоја друга земја

897367
Операцијата „Маслиново гранче“ ќе продолжи се додека не се постигне целта

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека операцијата „Маслиново гранче“ ќе продолжи се додека не се постигне целта.

Шестиот ден на операцијата, претседателот Ердоган престојуваше во ненадејна посета на Хатај.

Во оперативниот центар во Хатај Ердоган беше информиран за нивото кое беше достигнато во операцијата.

Ердоган им се обрати на војници во оперативниот центар и одржа видео конференција со командантите на воените сили.

Ердоган рече дека операцијата „Маслиново гранче“ ќе потрае се додека не се постигне целта.

Турција нема никакви територијални претензии кон териториите на некоја друга земја, рече Ердоган потенцирајќи дека по чистењето на Африн од терористите, овие територии ќе им се предадат на вистинските сопственици.

Ердоган беше придружуван од страна на началникот на ГШ генерал на армија Хулуси Акар, потпретседателот на владата Бекир Боздаг, министерот за национална одбрана Нуретин Џаникли и командантот на копнените сили генерал на армија Јашар Ѓулер.



Слични вести