Ердоган:Целта на воената операција Маслиново гранче се само терористите

Претседателот Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара повтори дека на мета на операцијата „Маслиново гранче" се само терористичките организации и терористи.

897844
Ердоган:Целта на воената операција Маслиново гранче се само терористите

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара повтори дека на мета на операцијата „Маслиново гранче" се само терористичките организации и терористи.

„Од тука уште еднаш му повторувам на целиот свет. Операцијата на Турција во Африн има за цел само и само терористички организации и терористи. На оние кои во Европскиот парламент оваа операција се обидуваат да ја прикажат како инвазија им порачувам примерите на инвазија во минатото да ги бараат во Либија, Руанда и Мали. Кој и како вршел инвазии, проверете во тие земји. Турскиот народ и турската војска никогаш не настапувале напаѓачки", рече Ердоган. Претседателот на Турција рече дека операцијата „Маслиново гранче" е показател на одлучноста на Турција во борбата против тероризмот и јасен знак на сите кои не сакаат да ја разберат одлучноста на Турција во тој поглед.



Слични вести