Претседателот Ердоган во посета на оперативниот центар во Хатај

Ердоган и членовите на делегацијата во негова придружба во оперативниот центар беа информирани за операцијата „Маслиново гранче“

897241
Претседателот Ердоган во посета на оперативниот центар во Хатај

Шестиот ден од операцијата „Маслиново гранче“ претседателот Реџеп Тајип Ердоган  го посети оперативниот центар во градот Хатај.

Според информациите од кабинетот на претседателот, Ердоган заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар, од Анкара преминаа во оперативниот центар на втората воена команда во Хатај, која е задолжена за испорака и управуањео со операцијата „Маслиново гранче“.

Претседателот Ердоган беше придружуван од вицепремиерот Бекир Боздаг, министерот за национална одбрана Нуретин Џаникли, командантот на копнените сили генерал на армија Јашар Ѓулер, како и од страна на гувернерот на Хатај, Ердал Ата.

Ердоган и членовите на делегацијата во негова придружба во оперативниот центар беа информирани за операцијата „Маслиново гранче“ од страна на командантот на втората воена команда генерал-полковникот Исмаил Метин Темел.

Ердоган ја одложи средбата со премиерот Бинали Јилдирим во Анкара поради оваа неочекувана посета.



Слични вести