Чавушоглу оствари телефонски разговор со Лавров

Разговорот беше остварен во својство на продолжение на средбите меѓу лидерите на Русија и Турција

896880
Чавушоглу оствари телефонски разговор со Лавров

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу оствари телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека министрите Чавушоглу и Лавров на телефонскиот разговор разменија мислења во врска со подготвителните активности за Конгресот за национален дијалог за Сирија кој се планира да се оствари во Сочи.

„На иницијативата на Турција на 24 јануари, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј лавров оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу. Разговорот беше остварен во својство на продолжение на средбите меѓу лидерите на Русија и Турција и беа разменети мислења во врска со подготвителните активности за претстојниот Конгрес за национален дијалог за Сирија во Сочи. Двајцата министри постигнаа согласност за преземање заеднички и дополнителни чекори за успешно поминување на предвидениот конгрес“ беше истакнато во соопштението.

Конгресот за национален дијалог за Сирија се планира да се одржи на 29 и 30 јануари во Сочи.



Слични вести