Турција очекува од САД целосно да ја прекине поддршката на ЈПГ и ПЈД

Портпаролот на кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, во интервју со Кристијана Аманпур за СНН Интернешнл изјави дека Турција очекува САД целосно да ја прекинат поддршката на ЈПГ и ПЈД.

896224
Турција очекува од САД целосно да ја прекине поддршката на ЈПГ и ПЈД

Портпаролот на кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, изјави дека Турција очекува САД целосно да ја прекинат поддршката на ЈПГ и ПЈД.

„Нашето очекување од американската администрација е целосно да ја прекине поддршката на ЈПГ и ПЈД. Тоа би била најконкретната гаранција и потребниот чекор што треба да се преземе на терен“, изјави Калин во интервју со Кристијана Аманпур за СНН Интернешнл.

Тој истакна дека во соработка со групите кои не се поврзани со тероризмот, треба подрачјето на Сирија да се исчисти од сите терористички елементи.

„Кога станува збор за нашата национална безбедност, Турција ќе ја спроведе одговорноста во согласност со сопствените можности. Нашата одговорност е да ги заштитиме граѓаните на Република Турција и нашите граници. Од никого не треба да бараме дозвола за тоа“, рече Калин.

Турските вооружени сили во саботата ја започнаа операцијата „Маслиново гранче“, со цел неутрализирање на терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во пограничното сириско подрачје на Африн.



Слични вести