Целосна поддршка од Катар на операцијата „Маслиново гранче“

Катар е спремен да пружи секаков вид поддршка

895890
Целосна поддршка од Катар на операцијата „Маслиново гранче“

Катарскиот министер без ресор одговорен за одбраната на земјата Халид Бин Мухамед Ал Атијах по телефон го побара министерот за национална одбрана на земјава Нуретин Џаникли и ја изрази поддршката на Катар на операцијата „Маслиново гранче“ на Африн.

Според извори од Министерството за национална одбрана, Ал Атијах на средбата подвлече дека во случај на евентуално барање на Турција, Катар е спремен да пружи секаков вид поддршка.

Министерот за национална одбрана Џаникли на катарскиот колега му ја објасни причината поради која Турција ја започна операцијата „Маслиново гранче“, односно дека тоа го направи од безбедносни причини.

Џаникли изрази благодарност на поддршката на Катар и владата на оваа земја.



Слични вести