Ердоган: За четири дена неутрализирани 268 терористи

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, порача дека за четири дена од операцијата „Маслиново гранче“, на спротивната страна неутрализирани се најмалку 268 терористи.

896218

„Во операцијата 'Маслиново гранче' имаме и загинати и ранети. Од Ослободителната војска на Сирија и од нашите сили имаме седум до осум загинати за четири дена. Според информациите што ги имаме, на спротивната страна неутрализирани се 268 терористи. Продолжуваме одлучно. Во целост ќе бидат искоренети“, рече Ердоган.

Претседателот Ердоган во продолжение истакна:

„Воена турска единица заедно со вистинските сопственици на регионот чекор по чекор ја преземаат контролата во Африн.Ова офанзива ќе треа се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.Секако дека безбедноста на нашите граници е важна, како што е важна и безбедноста на животот и имотот на нашите граѓани. За нас иднината на нашите браќа Арапи,Курди и Туркмени во сирија е важна исто колку што е важна и нашата иднина. Некои се обидуваат оваа воена операција за ја прикажат божем таа е против нашите браќа Курди во Африн.“

Слични вести