Ердоган:САД да престане со оружаната поддршка на ПКК/ПЈД/ЈПГ во Сирија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со претседателот на САД Доналд Трамп побара САД да престанат со оружаната поддршка на терористите.

896514

Телефонскиот разговор се одржа на барање на американскиот претседател.

Главна тема на разговорот беше турската воена операција Маслиново гранче на пограничниот град Африн во северот на Сирија.

Како што соопштија извори на претседателството на Република Турција ,претседателот Ердоган побарал САД а престане вооружано да ги поддржува терористичките  организации ПКК,ПЈД и ЈПГ.

Според истиот извор претседателот Ердоган воедно го информирал претседателот Трамп за тоа дека воената операција на турските вооружени сили Маслиново гранче се реализира во рамките на резолуцијата бр.51 на Повелбта на ОН како и правото на самоодбрана во борбата против тероризмот.

Ердоган подвлекол дека цел на Турција е да го исчисти Африн од терористички елементи заради нејзината сопствена безбедност.

Двајцата лидери изразија решителност за продолжување на меѓусебната соработка и блиските контакти во врска со Сирија и билатералните односи.

Слични вести