Двајца загинати 8 лица повредени во ракетен напад на џамија во Килис,Турција

Припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК од подрачјето на Африн, Сирија, извршија ракетен напад на џамија во турскиот пограничен град Килис

896461
Двајца загинати 8 лица повредени во ракетен напад на џамија во Килис,Турција

Припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК од подрачјето на Африн, Сирија, извршија ракетен напад на џамија во турскиот пограничен град Килис.

Според првичните информации, џамијата „Чалик“ во центарот на градот била погодена од ракета во 18.10 часот. Во нападот повредени се 8 лица кои во тој момент се наоѓале во џамијата.Состојбата на двајца од нив била тешка.

Во меѓувреме се дознава дека и двајцата од тешко повредените починале во болницата од задобиените повреди во нападот.

Повредените беа однесени во државната болница во Килис.

Гувернерот Мехмет Текинарслан изјави: „Ракета од Сирија ја погоди џамијата 'Чалик' за време на молитвата, има повредени“.

Турската армија жестоко одговори на нападот.



Слични вести