Утре Ердоган ќе оствари телефонски разговор со Трамп

Американскиот претседател Трамп бара да оствари телефонски разговор со претседателот Ердоган

895501
Утре Ердоган ќе оствари телефонски разговор со Трамп

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган утре ќе оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Информацијата во врска со утрешната средба ја објави министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Според дипломатски извори, министерот Чавушоглу во Париз каде што учествува на состанокот на министрите за надворешни работи Меѓународно партнерство за казнување на употребата на хемиското оружје, се состана со американскиот државен секретар за надворешни работи Рекс Тилерсон.

Во изјавата за печатот по средбата, министерот Чавушоглу рече:

„На средбата уште еднаш ја изнесове чувствителноста на Турција во врска со операцијата „Маслиново гранче“. Утре претседателот Ердоган ќе оствари телефонски разговор со американскиот претседател.

Американскиот претседател Трамп бара да оствари средба со претседателот Ердоган“ рече Чавушоглу.



Слични вести