Операциите ќе продолжат се додека регионот не произлезе од особината да биде закана за Турција

Турција нема никакви територијални претензии кон Сирија

894801
Операциите ќе продолжат се додека регионот не произлезе од особината да биде закана за Турција

Претседателот Реџеп Тајиш Ердоган во пораката преку профилот на твитер во врска со операцијата „Маслиново гранче“ напиша:

„Операциите ќе продолжат се додека регионот не произлезе од особината да биде закана за Турција“.

„Не останавме индиферентни наспроти неколкугодишните провокации од северот на Сирија насочени против Турција. Ние ја покажавме нашата одлучност во врска со прашањето и не станува збор за фрлање чекор назад“ рече Ердоган.

„Турција нема никакви територијални претензии кон Сирија. Основната цел на оваа операција е заштита на националната безбедност ана Турција, а покрај тоа заштита на територијалниот интегритет на Сирија, животите и имотите на Сиријците. Откако ќе се воспостави спокојството и довербата во Идлиб и Африн, сто илјадници сириски браќа ќе најдат можност да се вратат во своите домови и животи. Се додека регионот не произлезе од особината да претставува терористичка закана за Турција, нашите операции ќе продолжат се додека луѓето се стекнат со спокојство и мир. Турција нема да земе дозвола од никого во врска со ова прашање“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести