Ердоган оствари телефонски разговор со Макрон

Операцијата беше извршена согасно правото на самоодбрана кое произлгеува од меѓународното право и 51-от член на Повелбата на ОН како и резолуциите на СБ на ОН во борбата против тероризмот

895568
Ердоган оствари телефонски разговор со Макрон

Вечерва претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Според извори од кабинетот на претседателот, Ердоган и Макрон разменија мислења во врска со сириското прашање како и турската операција „Маслиново гранче“ против терористите во Африн и околината.

Претседателот Ердоган на разговорот  потенцираше дека операцијата беше извршена согасно правото на самоодбрана кое произлгеува од меѓународното право и 51-от член на Повелбата на ОН како и резолуциите на СБ на ОН во борбата против тероризмот.

Ердоган со францускиот претседател Макрон сподели информации во врска со операцијата „Маслиново гранче“ и потенцираше дека Турските вооружени сили ги презедоа сите мерки за да не дојде до загрозување на невиното цивилно население.

Двајцата лидери постигнаа согласност за одржување активни средби и контакти во врска со напорите за изнаоѓање решение на сириското прашање.



Слични вести