Ердоган и Путин разговораа за последните случувања во Сирија

Целта на операцијата „Маслиново гранче“ е Африн да се исчисти  од теористите

895654
Ердоган и Путин разговораа за последните случувања во Сирија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Според извори од кабинетот на претседателот Ердоган, главна тема на разговорот на двајцата претседатели беа последните случувања во Сирија, вклучувајќи ја операцијата „Маслиново гранче“ на Турските вооружени сили на Африн како и билатералните односи.

Претседателот Ердоган на разговорот со Путин рече дека целта на операцијата „Маслиново гранче“ е Африн да се исчисти  од теористите.

Една од целите на операцијата е заштитата на националната безбедност на Турција како и политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија, рече Ердоган потенцирајќи дека Турција придава големо значење на координацијата со Русија во врска со сириското прашање.

Двајцата лидери ја потврдија решителноста за продолжување на заедничките напори за отворање на патот за изнаоѓање политичко решение на сириското прашање како и успех на претстојниот Конгрес за национален дијалог на Сирија што се планира да се одржи кон крајот на јануари во рускиот град Сочи.



Слични вести