Четврт ден на операцијата „Маслиново гранче“ на ТВС во Африн

Во рамките на досегашната операција беа уништени над 170 терористички цели

895026
Четврт ден на операцијата „Маслиново гранче“ на ТВС во Африн

Денес е четврти ден на операцијата „Маслиново гранче“ на Турските вооружени сили (ТВС) насочена против терористите во Африн во Сирија.

Вчера Турските вооружени сили поддржани од силите на Слободната сириска армија започнаа операција на градот Азез и ја презедоа контролата над планината Бурсеја.

Продолжуваат судирите со терористите на другата страна на планината.

Продолжува бомбардирањето од артилериските единици и хаубиците по должината на границата врз позициите на терористите во Сирија.

Со чистењето на подрачјето од терористите, ќе се намали заканата од терористите по должината на турско-сириската граница, а исто така ќе се обезбеди безбедноста на сириските цивили во Азе и околината.

Во рамките на досегашната операција беа уништени над 170 терористички цели.

Според вчерашното последно соопштение, 3 контролни пунктови беа ослободени од терористите.



Слични вести