Американска владина делегација во посета на Анкара

Дипломатски извори истакнуваат дека, американската делегација ќе има разговори во турското министерство за надворешни работи и во Генералштабот на турските вооружени сили.

894879
Американска владина делегација во посета на Анкара

Американска владина делегација предводена од Џонатан Коен заменик потсекретар во државниот секретаријат за надворешни работи допатува до Анкара.

Дипломатски извори истакнуваат дека, американската делегација ќе има разговори во турското министерство за надворешни работи и во Генералштабот на турските вооружени сили.

Се очекува во разговорите да стане збор за актуелната ситуација во Сирија и за одредени правни прашања.Освен тоа ќе бидат разгледани одредени билатерални прашања.

Портпаролот на Пентагон мајор Адријан Ранкин Галовеј изјави дека американска делегација претстојува во Анкара на разговори за Африн и за други безбедносни прашања.

Галовеј додаде : „ Сериозно ја следиме загриженоста на Турција околу одредени безбедносни прашања. Соработуваме со Турција околу прашањето посветено на терористичката организација ПКК која САД ја признава како странска терористичка организација.

 

 



Слични вести