Трет ден од операцијата „Маслиново гранче“ на ТВС во Африн

Копнените воени единици на ТВС напредуваат кон предвидените цели во Африн

894108
Трет ден од операцијата „Маслиново гранче“ на ТВС во Африн

Продолжуваат топовските истрели на Турските вооружени сили (ТВС) од Килис на терористичките позиции во Африн во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ што ја започнаа против терористичките цели во Сирија.

Копнените воени единици кои напредуваат кон предвидените цели во Африн, третиот ден на операцијата на Турските вооружени сили во која учествува и Слободната сириска армија се подржуваат со топовски истрели.

Истрелите на единиците на ТВС кои повремено се интензивираат врз позициите окупирани од страна на терористичката организација ПЈД/ПКК, освен во центарот на градот Килис се слушаат дури од некои погранични села во близината на Хатај.

Во меѓувреме повремено се врши и засилување со воени возила и опрема на пограничните воени единици.



Слични вести