Ердоган: Турција нема да отстапи од воената операција на Африн

Ердоган говореше на свеченоста по повод доделувањето на дипломи на Стопанската комора на Анкара во претседателската палата Бештепе во Анкара.

894432
Ердоган: Турција нема да отстапи од воената операција на Африн

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција нема да отстапи од воената операција на Африн.

Ердоган говореше на свеченоста по повод доделувањето на дипломи на Стопанската комора на Анкара во претседателската палата Бештепе во Анкара.

Претседателот Ердоган меѓу другото во говорот се осврна на воената операција на турските вооружени сили на Африн во Сирија против терористичката организација ПКК/ПЈД и ДЕАШ.

Турција,подвлече претседателот Ердоган  води историска војна против терористичките организации како дома така и надвор.

Ние немаме било кави проблеми со нашите браќа Курди, туку проблемот е во ликвидирање на коридорот на теророт.

Ердоган во продолжение подвлече: Нема чекор назад од операцијата во Африн.За тоа разговаравме со Русите, и постигнавме согласност околу тоа прашање. Разговаравме и со останатите сили на коалицијата и со САД.

Денеска во северот на Сирија постојат 20 американски бази.До моментот околу 2000 авиони пренесуваа оружје во регионот.Сето тоа ние мошне добро го знаеме.Бидете барем искрени према нас околу тоа. Досега оваа искреност не ја видовме кај американците.Ние продолжуваме во рамките на нашите разговори со Русија.Нашите војници продолжуваат со акцијата во Африн.

Турција нема територијални претензии кон ниту една земја, а после операцијата сиријците кои што се засолнаа во Турција ќе можат да се вратат во своите домови.подвлече на крајот претседателот Ердоган.

 

 

 



Слични вести