Турските воени авиони ги бомбардираат положбите на терористите во Африн

Турските воени авиони продолжуваат да ги бомбардираат позициите на терористичката организација во руралното подрачје на Африн

892903
Турските воени авиони ги бомбардираат положбите на терористите во Африн

Турските воени авиони, во рамките на операцијата „Маслинова гранка", во интервали ги бомбардираат позициите на терористичките организации во Африн, јавува.

Турските воени авиони кои летаат на граничната линија меѓу подрачјата Рејханли и Кирикхан во Хатај, продолжуваат да ги бомбардираат позициите на терористичката организација во руралното подрачје на Африн.

Забележан е чад во некои места на руралното подрачје на Африн.

Турските воени авиони продолжуваат со летовите во регионот.

„Започната е офанзивата 'Маслинова гранка' во Африн кој се наоѓа во северниот дел на Сирија, со цел обезбедување на безбедноста и стабилноста на границите и регионот, неутрализирање на терористите припадници на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ, и со цел спасување на пријателскиот и братскиот народ во регионот од суровоста и притисокот на овие терористи“, нагласија од турските вооружени сили.

Нагласено е исто така дека операцијата „Маслинова гранка" во Африн е покрената во рамките на турските права засновани на меѓународно прво и резолуциите на Обединетите нации.



Слични вести