По шести пат продолжена вонредната состојва во земјава

Вонредната состојба во Турција беше воведена на 20 јули 2016

891773
По шести пат продолжена вонредната состојва во земјава

Големото национално собрание на Турција ја одлуката на Владата за продолжување на вонредната состојба во земјата за уште три месеци.

Владејачката Партија за правда и развој (АКП) и опозициската Партија за национално движење (МХП) ја поддржаа одлуката, додека опозициската Републиканска народна партија (ЏХП) и Народната демократска партија (ХДП) беа против.

Одлуката за продолжување на вонредната состојба, која досега беше продолжувана вкупно шест пати, во сила стапува од утре.

Според Уставот на Турција, вонредна состојба во земјата може да биде прогласена најмногу до шест месеци.

Инаку, вонредната состојба во Турција беше воведена на 20 јули, по обидот за државен удар на терористичка организација ФЕТО на 15 јули 2016 година.



Слични вести