Ердоган оствари телефонски разговор со Мирзивојев

Ердоган на разговорот го изрази жалењето и сочувството на Турција за жртвите кои загинаа во несреќата

891787
Ердоган оствари телефонски разговор со Мирзивојев

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзивојев.

Според извори од кабинетот на претседателот, Ердоган на узбекистанскиот колега му изрази сочувство за узбекистанските граѓани кои загинаа во автобуската несреќа во Казахстан.

Претседателот Ердоган на разговорот го изрази жалењето и сочувството на Турција за жртвите кои загинаа во несреќата.

На автопатот Самара-Чимкент во северозападен Казахстан, во пожарот што избувна во автобусот на 320 км од градот Актобе, загинаа 52 граѓани на Узбекистан, од кои пет патници беа повредени.



Слични вести