Нема да земеме дозвола од никого за заштита на нашата безбедност

Истрошени се сите дипломатски канали

890858
Нема да земеме дозвола од никого за заштита на нашата безбедност

„Турција поминува низ еден вонреден период“ рече потпретседателот на владата Бекир Боздаг потсетувајќи дека со формирање терористички коридор по должината на границите, безбедноста сакаат да ја предадат на терористичка војска.

„Тоа претставува отворена закана за националната безбедност. Турција нема да се воздржи и да ги фрли потребните чекори за преземање голем ризик за заштита на безбедноста и спокојството на народот и државата“ рече Боздаг.

„Покрај тоа што постојано го изнесовме ставот дека неприфатлив е изговорот дека во борбата против терористичката организација ДЕАШ ќе соработуваат со терористичката организација ПКК/ПЈД, Турција почна да го губи трпението наспроти случувањат. Ние сме решителни да ги фрлиме потребните чекори“ рече Боздаг.

Во врска со терористичкото структуирање во сириското подрачје Африн против Турција, Боздаг рече дека се истрошени сите дипломатски канали потенцирајќи дека ветувањата и гаранциите што беа дадени за одземањето на оружјето кое им беше обезбедено на терористите, за жал не се одрази на теренот.

Боздаг уште еднаш ја повика американската управа да ја прекине поддршката на ПКК/ПЈД, да се собере оружјето кое беше дадено и да се откажат од планот за формирање терористичка војска.

„Турција продолжува со консултациите со Русија и САД, но исто така нема да земеме дозвола од никого за заштита на нашата национална безбедност поради што ќе ги фрлиме потребните чекори“ рече Боздаг.

На едно прашање на новинарите во врска со тоа кога се планира да се преземе операција против терористичкото структуирање во Африн, потпретседателот на владата Боздаг рече:

„Како што рече претседателот Ердоган, една ноќ можеме ненадејно да дојдеме“.

Предлогот на Советот за национална безбедност за продолжување на вонредната состојба за уште 3 месеци, чиј рок заврши на 19 јануари ќе го доставиме до Генералното заседание на Големото национално собрание на Турција, рече Боздаг потенцирајќи дека овој процес не влијае негативно врз секојдневниот живот на граѓаните.



Слични вести