Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Столтенберг

Ердоган рече дека Турција во рамките на меѓународното право ќе ги преземе сите потребни мерки за да ја заштити својата национална безбедност.

889942
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Столтенберг

Претседателот Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Двајцата функционери највеќе разговараа за неодамнешната изјава на портпаролот на меѓународната коалиција, предводена од САД, во врска со формирање на нови гранични безбедносни сили составени од Сириски демократски сили , група која ја конттролира терористичката организација ПЈД/ПКК.

Ердоган во текот на разговорот истакна дека е апсолутно неприфатливо формирање на војска од Сириските демократски сили  и додаде дека, таквиот обид не служи на единството и стабилноса на Сирија, напоменувајќи дека е невозможно да се сфати дека некои сојузници соработуваат со терористички организации.

Коментирајќи ги последните случувања во Сирија, претседателот Ердоган рече дека Турција во рамките на меѓународното право ќе ги преземе сите потребни мерки за да ја заштити својата национална безбедност.

Столтенберг изјави дека ја оправдува загриженоста на Турција во врска со ова прашање, истакнувајќи дека Турција има право да се штити од терористички организации.

Тој додаде и дека Турција е многу важна земја за НАТО сојузот, нагласувајќи дека никој не ги прашал за совет во врска со формирање на воени сили на северот на Сирија.

Ердоган подвлече и дека Турција нема да остане пасивна во однос на прашањето на формирање на терористички сили во близина на нејзината граница.

Тој истакна дека во секоја прилика ќе продолжи да им го свртува вниманието на ова прашање на функционерите на САД. Столтенберг ја нагласи важноста на отворениот дијалог меѓу сојузниците за да се реши спомнатото прашање.



Слични вести