Началникот на генералштабот Акар во Брисел одржа средба со Џозеф Данфорд

Главна тема на состанокот беше безбедноста и стабилноста југоисточното крило на Европа

889998
Началникот на генералштабот Акар во Брисел одржа средба со Џозеф Данфорд

Во рамките на состанокот на Воениот комитет на НАТО на началниците на генералштабовите на земјите членки на Алијансата во Брисел, началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар одржа средба со Џозеф Данфорд, началникот на Американскиот здружен генералштаб.

Според известувањето кое беше објавено на веб страницата на Генералштабот, началникот на генералштабот генерал на армија Акар учествуваше на состанокот на началниците на генералштабовите на НАТО кој започнаа вчера во Брисел.

Главна тема на состанокот беше безбедноста и стабилноста југоисточното крило на Европа, Решителна поддршка на  мисијата во Авганистан, активностите во врска со командната структура на НАТО, состојбата во Украина и Грузија, како и коалиционата операција во Ирак.

Во рамките на состанокот, началникот Акар оствари билатерални средби со командантот на Европската команда на вооружените сили на САД (ЕУКОМ) генерал на армија Куртис М. Скапароти, како и началниците на генералштабовите на Украина, Грција, САД, Шпанија и Германија.

Главна тема на разговорот на началникот Акар со американскиот колега беше американската иницијатива за формирање наводна војска со сепаратистичко-терористичка организација ПКК/ЈПГ.

Акар на Данфорд му го пренесе жалењето и реакцијата на Турција во врска со едностраната американска одлука за формирање војска со ПЈД/ЈПГ, која предизвикува закана за безбедноста на Турција.

„САД треба да се откаже од оваа одлука“ рече Акар потенцирајќи дека „Турција е дел од коалицијата во борбата против ДАЕШ“.

„Одлуките што ќе се усвојат во борбата против ДАЕШ директно ќе се одразат врз Турција“ рече Акар и подвлече дека треба да се советуваат со Анкара пред да усвојат одлуки коишто ќе се одразат врз безбедноста на Турција.

Двајцата команданти разменија мислења и во врска со последната состојба во Сирија како и регионалните безбедносни проблеми пред претстојната операција на Турските вооружени сили на Африн.



Слични вести