Премиерот Бинали Јилдирим оствари телефонски разговор со Хајдар ел Ибади

Од кабинетот на премиерот Јилдирим е соопштено дека двајцата премиери разговарале за актуелни билатерални и регионални прашања

889054
Премиерот Бинали Јилдирим оствари телефонски разговор со Хајдар ел Ибади

Премиерот Бинали Јилдирим оствари телефонски разговор со својот ирачки колега Хајдар ел Ибади.

Од кабинетот на премиерот Јилдирим е соопштено дека двајцата премиери разговарале за актуелни билатерални и регионални прашања со посебен акцент на соработката меѓу двете соседни земји во борбата против терористичките организации ПКК и ДЕАШ.

Премиерот Бинали Јилдирим исто така се задржал на постојната соработка меѓу Турција и Ирак.

Тој ја истакнал потребата од соработка меѓу соседните земји во борбата против терористичките организации како и потребата од почести контакти на високо ниво меѓу двете пријателски и братски држави.

 

 



Слични вести