Премиерот Бинали Јилдирим рече дека одреден период се бавел со автобуски превоз

Со претседателот Ердоган се запознавме во 1970 година во Касимпаша

885765
Премиерот Бинали Јилдирим рече дека одреден период се бавел со автобуски превоз

Во интервјуто за емисијата „Ѓонул даги“ на ТРТ Хабер чиј водител е Холанѓанецот Вилко ван Харпер, премиерот Јилдирим рече дека одреден период во животот се бавеше со автобуски транспорт.

„Автобусите кои што ги употребуваме денес, имаат големо значење. Јас со автобускиот превоз започнав во 1978 година. Автобусот што го купивме тогаш е истиот. Околу 15 години самиот не возам. За мене тоа е голема промена. Во минатото пренесувавме патници низ цела Турција.

Оваа работа ја започнавме со татко ми. До 1984 година се бавевме со автобуски превоз. Со посредство на автобускиот превоз пренесувавме патници низ цела Турција. Тогаш немавме намера да бидеме министер или премиер. Секако дека не станува збор само за намера и желба. Треба многу да работите и да вложувате голем, труд“ рече премиерот Јилдирим.

Во освртот на запознавањето со претседателот Реџеп Тајип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим рече:

„Со претседателот Ердоган се запознавме кон крајот на 1970 година во Касимпаша. Во тој период се бавеше со политика во Партијата за национален спас (Milli Selamet Partisi) а од друга страна се бавеше со фудбал. Потоа, кога стана градоначалник на Истанбул, јас станав генерален директор на компанијата за морски автобуси на Истанбул (ИДО). Како што е познато пред да му заврши градоначалничкиот мандат, претседателот Ердоган беше испратен во затвор. Јас се одвоив од ИДО и почнав да се бавам со самостојна дејност. По одреден период повторно се состанавме во рамките на формирањето на Партијата за правда и развој АКП“ рече премиерот Јилдирим.



Слични вести