Турција остро реагираше на одлуката на израелскиот парламент

Опасно е усвојувањето на предлог-законот со кој се предвидува откажување на Израел од некои делови на Ерусалим

882107
Турција остро реагираше на одлуката на израелскиот парламент

Турција остро реагираше на одлуката на израелскиот парламент со која се предвидува задолжително одобрување на предлог-законот за откажување на некои делови на Ерусалим од страна на 80 пратеници.

Министерството за надворешни работи соопшти дека е опасно усвојувањето на предлог-законот со кој се предвидува откажување на Израел од некои делови на Ерусалим и формирање посебна општина од палестинските населби кои се наоѓаат надвор од ѕидот на поделбата, чија хегемонија ќе се наоѓа под Израел, поради што се отфрлаат овие чекори на Израел.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на министерството беше подвлечено дека овие незаконски чекори кои беља фрлени од страна на Израел исто така се косат со заклучната декларација на вонредниот Самит на Организацијата за исламска соработка што се одржа на 13 декември во Истанбул и резолуцијата број 10/19 на Генералното заседание на ОН.



Слични вести