Турција нема да седи со скрстени раце

Судскиот процес за наводното ембарго се претвори во правен скандал во САД

882516
Турција нема да седи со скрстени раце

Турција сигурно ќе одговори не сите оние кои што ќе се обидат да нанесат штета на нашата држава, без оглед на правата и интересите.

По петочниот намаз, премиерот Бинали Јилдирим во изјавата за новинарите се осврна на судскиот процес за наводното ембарго кој се претвори во правен скандал во САД. Јлидирим рече дека сценариото за тоа претходно беше подготвено и дека судскиот процес личеше на театарска претстава.

Постапката што се води нема никаков правен аспект и се стекна со политичка одлика, рече Јилдирим потенцирајќи дека судската постапка што се водеше со монтирани незаконски докази, односно со сведоштвата и исказите на сведоци кои самите извршиле кривични дела и не се придржува кон ниту една меѓународна правна норма, навистина личи на театарска претстава.



Слични вести