Турција бара да се отворат нови поглавја на патот кон ЕУ

Портпаролот Калин за „France24“ рече дека „Членството во ЕУ за Турција претставува стратешка цел“

882483
Турција бара да се отворат нови поглавја на патот кон ЕУ

Портпаролот на Кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, изјави дека членството во ЕУ претставува една од стратешките цели за Турција и дека неговата земја сака да отвори нови поглавја.

Калин пред посетата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган на Франција, зборуваше за француската телевизија France24, а во таа прилика се осврна и на актуелните случувања.

Тој изјави дека за време на посетата на Ердоган на Франција, ќе се зборува за последните случувања во Сирија.

„Додека траат активностите околу политичката транзиција, се обидуваме процесите од Астана и Женева уште повеќе да ги приближиме и ставиме под рамките на ОН. За време на посетата ќе разговараме и за оваа тема“, изјави Калин.

Калин исто така изјави дека во Париз ќе се зборува и за безбедносната ситуација во Ирак, односно регионалните теми како што е борбата против тероризмот.

На прашањето поврзано за односите меѓу Турција и ЕУ, Калин одговори:

„Турција членството во ЕУ го смета за една од своите стратешки цели. Но во последниот период од различни причини не е остварен напредок на тој пат. Сакаме да ги надминеме тие проблеми, да отвориме нова страница, како и да овозможиме отворање на нови поглавја“.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес ќе престојува во официјална посета на Франција.



Слични вести