Претседателот Ердоган отпатува во посета на Франција

Ердоган со Макрон ќе разговара за соработката во областите на економијата, стопанството, одбрамбената индустрија и борбата против тероризмот.

882416
Претседателот Ердоган отпатува во посета на Франција

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул, во пресрет на поаѓањето во официјална посета на Франција, изјави дека со францускиот претседател Емануел Макрон ќе разговара за соработката во областите на економијата, стопанството, одбрамбената индустрија и борбата против тероризмот.

„Соработката на Турција и Франција се од животно значење за регионалниот мир и стабилноста", рече Ердоган.

Тој додаде: „Изразуваме спремност за соработка во одбанбената индустрија,енергијата и во останатите стопански гранки. Сакам да истакнам дека од особено значење е иницијативата за развивање на национални ракетно одбранбени системи кои сакаме да ги развиеме во соработка со Франција и Италија, така да и ова важно прашање ќе се најде на дневниот ред на нашите разговори.“

За скандалозниот судски процес што се води во САД против Хакан Атила претседателот Ердоган рече: „Треба да ја разгледат нивната смисла за правда.Нема ваква правда и тие треба да престанат да им делат лекции на другите за правда.“

 



Слични вести