Ердоган: Односите меѓу Турција и ЕУ влегоа во нова фаза

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека неговата посета на Франција ќе претставува пресвртна точка во односите меѓу Турција и Европската унија

882171
Ердоган: Односите меѓу Турција и ЕУ влегоа во нова фаза

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека неговата посета на Франција ќе претставува пресвртна точка во односите меѓу Турција и Европската унија.

Претседателот,  Ердоган, во пресрет на посетата на Франција во интервју за француските телевизиски куќи TF1 и LCI изјави дека односите меѓу Анкара и Париз како и меѓу Турција и ЕУ влегле во нова фаза.

Тој нагласи дека престојната посета на Франција значително ќе придонесе во развојот на односите меѓу двете земји.

„Франција и Турција ќе преземат многу важни чекори во политичка, стратешка и економска смисла“, изјави претседателот Ердоган.

Тој истакна дека за време на средбата со претседателот Макрон ќе зборуваат и за прашањето за безбедност, напоменувајќи дека Турција и понатаму ќе вложува големи напори во спречување на заминувањето на странските борци во Сирија.

„Никогаш нема да дозволиме такви премини. По стапувањето во контакт со разузнавачките служби на некои земји, тие луѓе ги враќавме назад. Речиси 5.600 странски борци фативме и депортиравме. Освен тоа, за 54.000 воведовме забрана на влез во Турција“, изјави турскиот претседател.

Ердоган потсети дека Франција и Турција бараат заминување на Асад од власта, со цел воспоставување на мир во земјата.

„Многу е важно Турција и Франција да делат исто мислење во врска со ова прашање. Тука зборуваме за претседател кој предизвика смрт на речиси милион свои жители. Ова за лидерите како нас, кои се бориме за мир и човештво, претставува неприфатлива ситуација.  Сега на сите им е јасно во каква позиција дојдовме“, изјави Ердоган, додавајќи дека Сирија денес е речиси поделена земја.

Осврнувајќи се на терористичката организација ФЕТО Ердоган рече дека членовите на оваа организација се длабоко навлезени во скоро сите државни органи и институции во Турција и дека и денес во одрфедени државни институции се сеуште присутни.

На крајот Ердоган зборуваше и за односите со Вашингтон, додавајќи дека САД на некои терористички организации во Сирија им праќаат оружје.



Слични вести