Калин: Критиките на претседателот Макрон за Турција се резултат на предрасуди

Портпаролот на Претседателството на Република Турција Ибрахим Калин изјави дека критиките на претседателот на Франција Емануел Макрон за слободата на печатот во Турција се резултат или на немање доволно знаење или на предрасуди.

881800

Калин ова го изјави на денешната конференција за печатените и електронските медијуми.

Калин ги извести новинарите дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на 5 јануари (утре) ќе отпатува во официјална посета на Франција и дека во официјалните разговори во Париз ќе стане збор за ситуациите во Сирија и во Ирак, борбата против тероризмот, односите на релација Анкара-Брисел и други актулени прашања.

Пред посетата на претседателот Ердоган на Франција претседателот на оваа земја Макрон се осврна на слободата на печатот во Турција и беше полн со непознавање за фактичката ситуација и со предрасуди што секако се резултат на недоволно познавање на ситуација,истакна Калин.

Тој го додаде следното: 

„Ако ги земете во предвид опасностите со кои што се соочува Турција во борбата против тероризмот, ни се чини дека повремено нашите европски пријатели не можат да ја сфатат сериозноста на оваа ситуација.Турција се бори со три терористички организации.“потсети Калин.

Слични вести