Хаосот во Иран ќе се одрази врз целиот регион

Турција придава посебно значење на зачувувањето на мирот, спокојството и стабилноста во Иран

880797
Хаосот во Иран ќе се одрази врз целиот регион

Потпретседателот и портпарол на владата Бекир Боздаг во врска со протестите против власта во Иран кои траат седум дена рече дека хаосот во оваа земја ќе се одрази врз целиот регион.

Во пораката преку профилот на твитер во врска со случувањата во Иран, Боздаг рече дека Турција активно ги следи случувањата во Иран.

„Турција придава посебно значење на зачувувањето на мирот, спокојството и стабилноста во Иран. Мирот, спокојството и стабилноста во Иран, иранскиот народ имаат големо значење за регионот. Очигледно е дека евентуалната криза, хаос и судири во Иран, ќе предизвикаат штета не само во земјата и граѓаните на Иран, туку у целиот регион“ рече Боздаг.

Боздаг рече „Управата на Иран и граѓаните треба да бидат многу внимателни, стрплива и разумни во  врска со провокациите, поставените и стапиците кои што се предвидува да се постават. Турција е против сите евентуални иницијативи за надворешна интервенција и присилна промена на уставот и уставните одредби кои се однесуваат на соборувањето на легитимната власт“ подвлече Боздаг.



Слични вести