Екипата на „TRT World“ ослободена од затворот во Мјанмар

Мјанмарскиот суд денес ги отфрли дополнителните обвиненија против членовите на екипата и нивниот локален хонорарен преведувач Аунг Наинг Сое како и шоферот Хла Тин

Екипата на „TRT World“ ослободена од затворот во Мјанмар

Новинарите кои работат за каналот „TRT World“ на Турската државна телевизија ослободени се од дополнителни обвиненија и ќе бидат пуштени од затворот во Мјанмар каде биле на издржување на двомесечната затворска казна, соопшти „TRT World".

Новинарите на „TRT World“ за вести на англиски јазик, Лау Хон Менг и Мок Чој Лин, беа затворени на 10 ноември по апсењето на 27 октомври за поседување на воздушно беспилотно летало.

Според официјалната веб страница на „TRT World“, мјанмарскиот суд денес ги отфрли дополнителните обвиненија против членовите на екипата и нивниот локален хонорарен преведувач Аунг Наинг Сое како и шоферот Хла Тин.

Нивното ослободување е закажано за 5 јануари, додава каналот.

Во соопштението кое беше издадено веднаш по апсењата, „TRT World “ соопшти дека мјанмарското Министерство за информации ги информирало во врска плановите на екипата за снимање со беспилотното летало.

Двајцата новинари на „TRT World“ од кои едниот од Сингапур а другиот од Малезија, со новинарски визи пристинаа во Јангон на 21 октомври, при што користеле беспилотно летало за снимање на неколку локации.

Сен Аунг, надлежен од мјанмаркската полиција, за АА тогаш истакна дека овие лица биле приведени кратко време откако со беспилотното летало снимале во близина на зградата на парламентот во мјанмарскиот главен град, Непидо.

„Овие лица се обвинуваат во рамките на законот за увоз и извоз кој содржи одредби во врска со нелегално донесување на беспилотно летало од странсво во Мјанмар“ , рече Аунг.



Слични вести