Ердоган оствари телефонски разговор со јорданскиот крал Абдулах

Претседателот Ердоган и јорданскиот крал Абдулах Втори на разговорот изразија задоволство од резултатот од гласањето за Ерусалим на 21 декември

875773
Ердоган оствари телефонски разговор со јорданскиот крал Абдулах

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со јорданскиот крал Абдулах Втори.

Според извори од кабинетот на претседателот, главна тема на телефонскиот разговор што го оствари од Хартум, беше прашањето во врска со Ерусалим.

Претседателот Ердоган и јорданскиот крал Абдулах Втори на разговорот изразија задоволство од резултатот од гласањето за Ерусалим на 21 декември што се одржа на седницата на Генералното заседание на ОН.

Ердоган и Абдулах на разговорот посочија на значењето на заедничките напори за излегување во пресрет на статусот на Ерусалим како и потребата за упатување конструктивни предупредувања до американската администрација да се врати од погрешниот чекор.



Слични вести