Трговската размена со Судан ќе ја зголемиме на 10 милијарди долари

Потребно е да го зголемиме обемот на нашата трговија до 1 милијарда долари, а потоа и до 10 милијарди долари. За тоа треба да преземеме соодветни чекори

874911
Трговската размена со Судан ќе ја зголемиме на 10 милијарди долари

Турција сака да го зголеми обемот на трговската размена со Судан на 10 милијарди долари, истакна претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Забелешките на Ердоган дојдоа на заедничката прес-конференција по состанокот зад затворени врати со својот судански колега, Омар ал-Башир.

„Потребно е да го зголемиме обемот на нашата трговија до 1 милијарда долари, а потоа и до 10 милијарди долари. За тоа треба да преземеме соодветни чекори“, рече Ердоган.

Според податоците на турскиот Институт за статистика (TurkStat), сегашниот обем на трговска размена меѓу Турција и Судан изнесува околу 500 милиони долари, Ердоган нагласи дека двајцата лидери се согласиле да формираат стратешки совет на високо ниво за зголемување на економската соработка меѓу двете земји.

Турскиот претседател истакна дека неговата земја е свесна за економскиот потенцијал на Судан.

„Ние ги охрабруваме бизнисмените да инвестираат во Судан“, додаде тој.

Турскиот извоз во Судан во периодот јануари-октомври 2017 година изнесуваше 328,5 милиони долари, додека увозот од земјата изнесуваше 78,3 милиони долари.

Двете земји во потпишаа вкупно 13 договори кои се однесуваат на соработката во областа на одбраната, земјоделството, шумите, науката, образованието, туризмот, животната средина, за поддршка на малите бизниси и формирање на стратешки совет.

Турскиот претседател Ердоган истакна дека терористичката организација ФЕТО ќе биде искоренета во цела Африка.

„Борбата против терористичката организација ФЕТО ја продолжуваме одлучно на сите полиња. Откриено е вистинското лице на таа предавничка мрежа, која се криеше под плаштот на образованието, добрината, дијалогот и солидарноста. Судан и другите пријателски земји веќе започнаа да преземаат потребни мерки против ФЕТО“.

- Прашањето за Ерусалим -

Турскиот претседател Ердоган рече дека со суданскиот претседател Ал Башир разговарале и за прашањата поврзани со Ерусалим.

„Ерусалим е прашање кое се однесува на целото човештво. Ќе продолжиме да ги поддржуваме Палестинците. Обединетите нации мора да го следат прашањето за Ерусалим", рече турскиот претседател.

Во четвртокот, Генералното собрание на ОН со големо мнозинство усвои резолуција за Ерусалим (Ерусалим), повикувајќи ги САД да ја повлечат својата одлука за признавање на градот како главен град на Израел.

Суданскиот претседател, од своја страна, рече дека посетата на Ердоган, која е прва посета на турски претседател во Судан, ќе ги зајакне односите меѓу двата народа.

„Посетата на братот Ердоган е многу важна бидејќи муслиманите во целиот свет се изложени на репресија и тортура и потребно им е единство и заедништво“, додаде Ал Башир.

Турскиот претседател има и свое обраќање во суданскиот Парламент. За утре планирана е посета на неколку османлиски историски локалитети во источниот судански град Суакин, кој со векови претставува значаен пристанишен град.

Тој подоцна треба да присуствува на суданско-турскиот бизнис-форум заедно со својот судански колега Омар ал-Башир.



Слични вести