Уште еднаш потсетуваме дека светот е поголем од пет земји

Според нашите последни претпоставки, требаше да биде помеѓу 160 и 190 гласови за

873743
Уште еднаш потсетуваме дека светот е поголем од пет земји

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, во однос со нацрт-резолуција која беше усвоена од страна на Обединетите нации (ОН), со која се отфрла одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел, изјави дека САД пред гласањето отворено им се заканија на некои земји.

„Според нашите последни претпоставки, требаше да биде помеѓу 160 и 190 гласови за, но Белата куќа го зеде телефонот и им се закани на некои земји, отворено им се закани. Тие рекоа: 'Ние им даваме долари, а тие ќе бидат против нас'. Од кога човековата, а особено државно-демократската волја почна да се купува со пари? Демократијата не е систем и режим во кој вољата се купува. Оние што го имаат ваков пристап, осудени се да им се одржи лекцијата", рече Ердоган.

Претседателот Ердоган, исто така, рече дека светот е поголем од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН. „Уште еднаш се потсетуваме дека светот е поголем од пет земји, а особено од една", рече Ердоган.



Слични вести