Ердоган :Некои клеветници од регионот близу Медина без срам го дигнале гласот кон Турција

Претседателот Ердоган, остро ги критикуваше провокациите и нападите на некогашниот османлиски гувернер Фахредин паша и на Турците, кои на Твитер ги објави министерот за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед ал-Нахјан.

872661
Ердоган :Некои клеветници од регионот близу Медина без срам го дигнале гласот кон Турција

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, остро ги критикуваше провокациите и нападите на некогашниот османлиски гувернер Фахредин паша и на Турците, кои на Твитер ги објави министерот за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед ал-Нахјан.

„Секоја пофалба и восхит за храброста и отпорот што Фахредин паша ги покажа за време на две години и седум месеци во одбраната на Медина. Во делириум и без нималку срам, овие бедници се толку кадарни да кажат дека Ердоган го украл светото наследство на предците и го донел во Истанбул. Тоа не е кражба, туку одбрана и зачувување на тој аманет од оние што доаѓаат таму со цел инвазија и окупација“, рече Ердоган во претседателската палата во своето обраќање на средбата со претставниците на локалните власти во Турција.

Истакнувајќи дека некои клеветници од регионот близу Медина без срам го дигнале гласот кон Турција, Ердоган порача дека тоа е доказ оти тие не ја знаат сопствената историја, ниту го запознале турскиот народ и претседателот Ердоган.

„Ние многу добро знаеме со кој, каде и што прават оние кои го дигнаа гласот против така голема личност, чија одбрана на Медина е достојна за восхит. Ќе откриеме сѐ кога ќе дојде вистинското време и место за тоа“, порача Ердоган.

Претседатеот Ердоган исто така изјави дека е јасна и позадината на таквите напади кон Турција од некои кругови на естаблишментот на арапските земји и дека станува збор за нивен обид да ги прикријат сопствената неспособност, алчноста и предавството.

 



Слични вести