Телефонски разговор Ердоган-Меј

Двајцата државници разговарале за билатералните односи, како и за последните случувања во врска со статусот на  Ерусалим.

871150
Телефонски разговор Ердоган-Меј

Претседателот, Реџеп Таип Ердоган, разговараше телефонски со британската премиерка Тереза ​​Меј.

Од кабинетот на претседателот Ердоган се вели дека двајцата државници разговарале за билатералните односи, како и за последните случувања во врска со статусот на  Ерусалим.

Ердоган и Меј изразиле задоволство од зајакнувањето на соработката меѓу двете земји, вклучувајќи ја и областа на наменската индустрија.

Во текот на разговорот нагласено е дека тензиите предизвикани од одлуката на САД за признавање на Ерусалим како главен град на Израел, е многу загрижувачка.

Тие истакнаа дека и Израел треба да сфати оти дводржавното решение е најдобриот начин за постигнување мир на Блискиот Исток.

Станало збор и за ветото на САД во Советот за безбедност на ОН за нацрт-резолуцијата околу статусот на Ерусалим, и повикаа на дистанцирање од новите тензии кои мировниот процес во регионот ќе го доведат во опасност.

На крајот од разговорот било истакнато дека целата меѓународна заедница мора да направи дополнителни напори за решавање на израелско-палестинското прашање.

 



Слични вести