Ниту една сила не може да го скрши народот кој што покажува трпение пред тешкотиите

Одредени средини продолжуваат да го разгоруваат крвопролевањето, омразата, насилството во Турција и регионот

870581
Ниту една сила не може да го скрши народот кој што покажува трпение пред тешкотиите

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека ниту една сила не може да го скрши народот кој покажува трпение пред тешкотиите и сплотено напредува по правиот пат.

Во говорот на Комеморативната програма што беше одржана по повод 744-та годишнина од смртта на Хазрети Мевлана во Коња, Ердоган рече дека „универзалните пораки на Мевлана за единството, љубовта и братството од пред стотици години и натаму продолжуваат да го осветлуваат патот на човештвото.

Одредени средини продолжуваат да го разгоруваат крвопролевањето, омразата, насилството во Турција и регионот.

Некои режими мислат дека власта ќе можат да ја задржат со барел бомби, балистички ракети и масакри.

Одредени сили пак ја испробуваат чувствителноста на муслиманите па дури го прегазуваат трпението. Затоа Мевлана преку своите дела ни покажува колку се во заблуда сите оние кои што по власта трчаат со вршење притисок, насилство и раздор.

Затоа нема да се откажеме од борбата против сите тешкотии“ рече Ердоган.

„Како што досега во историјата безброј пати беше докажано дека крајот на сите оние кои што вршат зулуми е лош, не треба да се заборави злосторствата кои што ги вршат, дека нема да им останат во ќар. Недвојбено дека како на овој свет така и на другиот, ќе се праша за сметката за масакрите, зулумите, пролеаната крв на невините луѓе“ рече Ердоган.



Слични вести