Состанок за безбедност под покровителство на Акар

Командантите разменија мислења во врска со општата безбедносна ситуација во Ирак и Сирија, мерките кои што треба да се преземат во борбата против терористичките организации.

868800
Состанок за безбедност под покровителство на Акар

На состанокот за безбедност што се одржа под покровителство на началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар учествуваа началникот на генералштабот на Ирак генерал на армија Осман Ганими, командантот на Европската команда на САД (ЕУКОМ) генерал на армија Куртис Скапароти и командантот на Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) генерал на армија Џозеф Вотел.

Во писменото соопштение на Генералштабот беше истакнато дека на состанокот во Главниот штаб на Генералштабот командантите разменија мислења во врска со општата безбедносна ситуација во Ирак и Сирија, мерките кои што треба да се преземат во борбата против терористичките организации.



Слични вести