Голем број земји Источен Ерусалим го сметаат за главен град на Палестина

Одлуката на САД за признавање на Ерусалим не ја одбија само 57-те членки на ОИС, туку речиси и сите земји на Европа, Јужна Америка и Азија

869075
Голем број земји Источен Ерусалим го сметаат за главен град на Палестина

Портпаролот на кабинетот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин, изјави дека апелот на претставниците на членките на Организацијата за Исламска Соработка (ОИС) до целиот свет да го признае Источен Ерусалим за главен град на Палестина, не треба да се гледа како одмазда кон одлуката на САД.

„Многу земји, вклучувајќи не и нас, всушност и до сега источен Ерусалим го сметавме за главен град на Палестина“, изјави Калин за "TRT Haber".

Тој нагласи дека одлуката на САД за признавање на Ерусалим како израелска престолнина не ја одбиле само 57-те членки на ОИС туку речиси и сите земји на Европа, Јужна Америка и Азија.

Калин истакна дека американската администрација донела крајно еднострана одлука во врска со Ерусалим.

„САД сега дејствуваат сами. Еднострано ја донесоа оваа одлука. Тие треба да ги разгледаат ставовите во врска со ова прашање и на глобално ниво“, изјави Калин.

На крајот нагласи дека и еден од резултатите на самитот на ОИС во Истанбул е интензивирање на процесот за признавање на Палестина.

„Доколку биде обновен мировниот процес тоа единствено може да се случи со преговори кои ќе резултираат со дводржавно решение и формирање на одржлива држава Палестина. На тоа му нема алтернатива“, изјави портпаролот на кабинетот на турскиот претседател.

Потсетуваме, во Истанбул вчера беше одржан самитот на членките на ОИС на кој беше усвоена декларацијата со која е осудена и офрлена одлуката на американската администрација во врска со статусот на Ерусалим.

Претставниците на членките на OIC го повикаа целиот свет да го признае Источен Ерусалим за главен град на Палестина.

Доналд Трамп на 6 декември донесе одлука за признавање на Ерусалим (Ерусалим) за главен град на Израел што предизвика остри реакции на целиот свет, особено исламските земји.



Слични вести