Прогласувањето на Источен Ерусалим за главен град од страна на ОИС е историска одлука

Решавањето на проблемите на Блискиот Исток не е можно без решавање на прашањето околу Ерусалим.

868693
Прогласувањето на Источен Ерусалим за главен град од страна на ОИС е историска одлука

Вицепремиерот Бекир Боздаг, во врска со прогласувањето на Источен Ерусалим за главен град на Палестина од страна на Организацијата за исламска соработка (ОИС) истакна дека тоа претставува историска одлука.

„Источен Ерусалим е главен град на државата Палестина и сите учесници на самитот на Организацијата за исламска соработка во Истанбул, кои ја потпишаа завршната декларација, воедно ја прифатија одлуката и го признаа Источен Ерусалим за главен град на Палестина. Ова, за палестинското прашање и за палестинскиот случај претставува историска пресвртна точка во израелско-палестинските недоразбирања и е една историска одлука”.

Вицепремиерот Боздаг рече дека решавањето на проблемите на Блискиот Исток не е можно без решавање на прашањето околу Ерусалим.

„Многу е очигледно дека сѐ додека не се реши прашањето околу Ерусалим, нема да можат да се решат проблемите на Блискиот Исток. Затоа, оние кои прават пресметки околу Ерусалим, кои сакаат да го сменат неговиот историски статус изграден врз основа на меѓународното право и истражувањата, разбрале дека нема да можат да го сменат тоа со поставување ситуација на свршен чин. Доколку не сфатиле, тогаш сѐ она што е потребно да го сфатат, кога ќе дојде време ќе им биде објаснето”.

Потсетувајќи дека на вчерашниот вонреден Самит на Организацијата за исламска соработка, Источен Ерусалим е признаен како главен град на Палестина, тој потсети и на отворениот повик упатен од Организацијата за признавање на Источен Ерусалим како главен град на Палестина.

„Вчера во Истанбул се одржа историски Самит. Доживеана е пресвртна точка во случајот за Палестина и отворена е една нова страница. Имаме ситуација која е поразлична од онаа која беше досега. Имаме палестинска држава со признат главен град и даден е отворен повик за признавање на оваа држава и нејзиниот главен град”.



Слични вести