Одлуката на Трамп не не обврзува ниту нас ниту Ерусалим

Денес сите оние кои што себеси се сметаат за сопственици на Ерусалим, не треба да заборават дека утре не ќе можат да најдат ниту едно дрво за да се сокријат

865924
Одлуката на Трамп не не обврзува ниту нас ниту Ерусалим

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:

„Сите оние кои што денес мислат дека се сопственици на Ерусалим, не треба да заборават дека утре нема да најдат ниту едно дрво да се сокријат“.

Во говорот на програмата посветена на Денот на човековите права што се одржа под покровителство на Стопанската комора на Анкара во конгресниот центар Конгресиум.

Ердоган во говорот рече:

„Американскиот претседател Доналд Трамп со прогласувањето на Ерусалим за главен град на Израел стана соучесник на пролеаната крв. Турција не ја признава и нема да ја признае оваа одлука. Изјавата на Трамп не не обврзува ниту нас ниту Ерусалим“.

„Борбата нема да заврши се до формирањето независна и суверена Палестинска држава согласно границите од 1967 а во чии граници главен град ќе биде Источен Ерусалим. Не може вечно да трае вандализмот, зулумот, прогонството во Ерусалим“ рече Ердоган.

„Сите оние кои што Ерусалим го претворија во затвор за муслиманите и приврзаниците на другите религии, не треба да заборават дека не ќе можат така лесно да ги измијат рацете од крвта која ја пролеваат со години. Палестинското прашање и Ерусалим личат на лакмусова хартија. Сите оние кои што во овој случај не се на страната на угнетените, не можат да говорат за глобален мир“ рече Ердоган.

„Денес сите оние кои што себеси се сметаат за сопственици на Ерусалим, не треба да заборават дека утре не ќе можат да најдат ниту едно дрво за да се сокријат. Палестина, особено Ерусалим уште од Втората светска војна наваму постојано е изложена на голема тага и жалост, поради што постојано се крева гласот на револтот. Сите гулаби кои полетаа кон небото, секогаш ќе се вратат чисти. Додека сите оние кои што Ерусалим го претворија во затвор за муслиманите и приврзаниците на другите религии, не треба да заборават дека не ќе можат така лесно да ги измијат рацете од крвта која ја пролеваат со години“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести