Срдечен пречек на Ердоган во Ѓумулџине

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турците во областа Западна Тракија претставуваат мост меѓу Турција и Грција

864492
Срдечен пречек на Ердоган во Ѓумулџине

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турците во областа Западна Тракија претставуваат мост меѓу Турција и Грција.

Ердоган после официјалните разговори во Атина допатува во посета на градот Ѓумулџине (Комотини) каде во џамијата Кирмахала клањаше џума намаз.

Нешто потоа претседателот Ердоган им се обрати на насобраните граѓани.

Во говорот претседателот Ердоган им честита на Турците од овој регион на Грција за постигнатите успеси, за тоа што имаат 4 пратеници во грчкиот парламент,како и затоа што ги чуваат и негуваат вековните традиции.Ердоган потсети дека во разговорите со претседателот Павлопулос и премиерот Ципрас ги истакнал проблемите на турското малцинстгво во Грција со барање тие што поскоро да се решат.

Потсетувајќи на правата на малцинствата во Турција, Ердоган рече:

„Во мојата земја немаме проблеми со граѓаните од грчко потекло. На сите нив на кои им беа одземени имотите им беше платено обештетување. Турција е демократска, секуларна,социјална и правна држава.“

Подвлекувајќи на значењето за продолжување на солидарноста меѓу двете соседни земји,претседателот Ердоган истакна:

„Кога Грција излезе од НАТО, и после кога пак сакаше да се врати ние ја поддржавме. Треба да се прошири оваа солидарност.Не мислам дека постојат пречки. Многу е важно да се зачува единството и заедништвото на народот овдека.“

 

 



Слични вести