Ердоган оствари телефонски разговор со Путин и папата Францис

Главна тема на разговорите беше последните чекор на САД во врска со Ерусалим

863807
Ердоган оствари телефонски разговор со Путин и папата Францис

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Главна тема на разговорот беа последните случувања во врска со Ерусалим.

Ердоган на разговорот посочи дека одлуката на Израел за анексија на Ерусалим во 1980 година беше одбиена од страна на меѓународната заедница и ОН потенцирајќи дека последниот чекор што ги фрли САД во врска со Ерусалим негативно ќе се одрази врз мирот и стабилноста во регионот.

Рускиот претседател Владимир Путин на разговорот истакна дека и самиот споделува исти погледи и дека активно ќе ги следат натамошните случувања под покровителство на ОН.

Двајцата лидери постигнаа согласност за продолжување на блиските контакти за размена на мислењата во врска со билатералните ид меѓународните прашања.

Во меѓувреме, претседателот Ердоган одржа телефонски разговор и со духовниот лидер на католиците папата Францис.

На разговорот освен беа разменети мислења во врска со последниот чекор на САД во врска со Ерусалим кој беше оценет како загрижувачки.

Ердоган посочи на потребата за воспоставување на мирот и стабилноста во регионот и во тие рамки да се формира независна Палестинска држава согласно договорот од 1967 со главен град источен Ерусалим.

„Сите оние кои што имаат малку совест треба да ја изнесат заедничката чувствителност во однос на прашањето“ рече претседателот Ердоган, додека папата Францис изрази почит кон повикот на претседателот Ердоган за зачувување на постоечката состојба.

„Ерусалим има свето значење за евреите, христијаните и муслиманите“ подвлече претседателот Ердоган, додека папата Францис посочи на потребата за држење настрана од сите обиди за промена на статусот на овој град.

„Меѓународната заедница треба остро да реагира против сите иницијативи во врска со евентуалната промена на статусот на овој град кои ќе се косат со меѓународното право и резолуциите на ОН“ рече претседателот Ердоган, додека папата Францис рече дека погрешниот чекор на американската администрација ќе го изнесат на сите платформи.

Претседателот Ердоган во продолжение на разговорот рече: „Во тие рамки, во својство на привремен претседавач со Организацијата за исламска соработка, на 13 декември свикавме вонреден состанок во Истанбул“.

Двајцата лидери на разговорот постигнаа согласност за зајакнување на добрите односи меѓу Турција и Ватикан.



Слични вести